Уникатен ABSN код за вашето независно издание
ABSN е децентрализиран систем за означување и архивирање на самостојни дела. Тој е создаден за автори кои бараат професионална структура и препознатливост, без разлика дали нивното дело ќе живее во дигитален формат или како печатена книга.
Важно: ABSN е наменет исклучиво за самостојни и независни изданија. Тој служи како алтернатива на ISBN за дела кои се споделуваат директно со читателите, надвор од комерцијалните книжарски мрежи и големите издавачки куќи.
Овој код не е само бројка, тој е симбол на хуманистичкиот пристап. ABSN ги поврзува независните творци во заеднички регистар, каде вредноста на делото се мери преку неговата етичка порака и интегритетот на неговиот творец.
Повеќе информации за упатствата на користење и етичките ограничувања слободно прочитајте нa официјалната страна.
Добивањето код е транспарентен процес кој се одвива низ неколку фази на меѓусебна комуникација:
- Апликација: Авторот пополнува формулар со основни податоци за себе и за концептот на делото.
Кликнете на следниов линк за да аплицирате. - Првичен преглед: Тимот на ЕНИГМА ја разгледува апликацијата. Доколку содржината е во согласност со хуманистичките вредности, ве контактираме за увид во делото.
- Верификација и aрхива: По прегледот, делото се впишува во нашата независна дигитална архива (eKatalog).
- Издавање: Авторот добива уникатен ABSN код, QR код и готов eCIP шаблон за интеграција во дигиталното или печатеното издание.
Само делата што ја поминале оваа постапка ќе бидат официјално заведени во еКаталогот како дел од независната книжевна архива.